БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали енергетските пијалоци ни ја зголемуваат продуктивноста?!

Пренеси го гласот

Целта на енергетските пијалаци навидум е решение за моментите кога сте без енергија, а сето тоа претставува магнет за младите кои ги консумираат навистина често. Но, енергетските пијалоци дефинитивно се лоша навика.

Германското здружение на педијатари истакнало дека енергетските пијалаци нема да им ја зголемат продуктивноста на луѓето.

Напротив, менталните и физичките способности се влошуваат по консумирањето на овие пијалаци. Според некои истражувања, овие пијалаци на краток период можат да ги подобрат будноста и физичката издржливост, но оваа енергија не е од согорување калории, туку од стимулансите и витамините во овој безалкохолен пијалак.

За да се подобрат менталните и физичките способности на една личност, потребно е да се прошират артериите за да стигне повеќе крв до мозокот, срцето и мускулите.

Енергетските пијалаци го прават спротивното – тие ги стеснуваат артериите. Откако ќе го испие пијалакот, личноста може да се чувствува посилно и со многу енергија, но кога ќе помине ефектот, заморот и несоницата се уште поизразени.

Ако подолго време се користат енергетските пијалаци се зголемува ризикот од дебелина и дијабетес поради високото количество на шеќер.

Креирано од:


Пренеси го гласот