Од Пиксар го објавија нивниот прв краток анимиран филм од програмата SparkShorts, а главната улога во филмот е клопче волница.
Филмот кој трае 8 минути ја раскажува приказната на Пурл на нејзиното ново работно место во кое доминираат мажите, поради што таа се соочува со полова нееднаквост.
Клопчето Пурл се обидува да се вклопи во машката средина и размислува за тоа колку далеку би одела за да биде прифатена и на крај, дали сето тоа воопшто вреди.
Режисерката Кристен Лестер изјавила дека го направила филмот според нејзиното искуство со работење во анимацијата. Оваа програма на Пиксар е нешто ново и ги нагласува нивните нови артисти.
Погледнете го:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска