“Постепено колабира ли здравството во Делчево
Жителите на Општина Делчево реагираат дека освен што веќе со месеци во Здравствениот дом во Делчево не се прави PSA тест( тест за испитување на простата), од пред извесно време таква е ситуацијата и со испитувањето на ТSH i ft4(испитувања за функцијата на тиреоидната жлезда) поради немањето на реагенси
Поради оваа причина и поради неспособноста да се обезбедат финансиски средства од страна на надлежните во Мистерството за здравство, жителите на Општина Делчево се приморани овие испитувања да ги вршат на приватно, притоа одвојувајки од и така намалениот семеен буџет по над 750 денари за едно испитување
За жал поради немањето на капацитет на СДСМ да се справи со проблемите кои самата партија ги направи во секој еден сектор, пациентите и од Делчево ќе мораат сами да се справуваат со секојдневните проблеми и потреби
“
-интегрален текст на реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Делчево упатена во јавност.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски