Во рамки на програмата за превенција, заштита и спасување како и политичките определби на градоначалникот Миле Петков за уредена и хуманизирана животна средина, општина Виница со пари од Буџетот ззапочна со расчистување и уредување на водотеците на Градечка и Виничка Река во Виница.
Земјените наноси наталожени во минатите години создаваат потенцијални проблеми при надоаѓање на природните водотеци во услови на поголеми врнежи, оставајки зад себе дива и неуредена јавна површина низ урбанизираните делови на општината.
Ваквите активности на градоначалникот Петков се неопходни пред можни закани за излевање и поплавуање на имоти на граѓаните, со што се допринесува за превенција против истите.
“Во тек е расчистување и уредување на речното корито на Градечка река.
Според договорот што го има склучено Општина Виница со фирмата „ ГРАНД -УНИ ИНВЕСТ “ ДООЕЛ Виница по завршување со расчистување на речното корито на Градечка река веднаш се продолжува со расчистување и уредување на речното корито на Виничка река.
Со механизација се врши ископ на земја од 3-та и 4- та категорија, отстранување на шут, отстранување на диво обраснати дрвја и длабоки корени, порамнување и уредување на речното корито.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.”
0информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На 12 јануари ќе се одржи јавна трибина за граѓанската иницијатива за определување локација за спомен-обележје
Ова се сите сообраќајници за чие чистење се подготвени надлежните служби во Делчево при поголеми врнежи на снег
Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско