Денеска заедно со пратеничката Даниела Христова, Градоначалникот на општина Виница Миле Петков беше помеѓу граѓаните на градскиот пазар во Виница.
Градоначалникот и пратеничката имаа можност да поразговараат со граѓаните и нивние секојдневни премрежја, проблеми но и позитивни работи со кои се соочуваат во секојдневието.
“Заедно со пратеничката од Општина Виница Даниела Христова денес остваривме средба со граѓаните на градскиот пазар во Виница.
Разговаравме за актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, ги разгледувавме цените на градинарските култури на пазарот, разговаравме со производителите и прекупците на истите. Секој на свој начин го изразуваше задоволството и незадоволството.
За нас најважно е да го слушаме гласот на народот!”
-соопшти Градоначалникот на Оптина Виница Миле Петков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски