Целата Македонска Јавност во текот на вчерашниот ден можеше да забележи од медиумите како премиерот на Владата Димитар Ковачевски активно учествува во верски обичаи. На настанот на кој учество зедоа Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и архиепископот на МПЦ- ОА г.г. Стефан свое активно учество имаше и Ковачевски кој јавно пред сите го читаше од верски книги, верскиот текст Симболот на верата и молотвата Оче наш.
Република Македонија по својот уставен поредок е секуларна држава во која верските работи се оделени од политичките, но очигледно на Димитар Ковачевски не му пречат уставните ограничувања, па поради само нему познати причини се вклучи во верскиот настан организиран од вселанскиот патријарх.
Дали примиерот Ковачевски и понатаму ќе продолжи да се меша во верските работи на црквата или било која верска заедница, останува да видиме во иднина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка
Божиновска: Зелената транзиција не може без жените – поддржете повеќе проекти водени од жени – порака од глобалниот настан на ЕБРД по повод Денот на жената
Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите