БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ со сите нивни пресови нема да го промени фактот дека сме најсиромашни во Европа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Што им е целта на СДС јас навистина не знам.

Ама ако планираат цел народ да го избркаат од државата, да, на добар пат се.

Таче премиеру негласан, покажи елементарно достоинство бре човек!!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Навистина, ама навистина немам намера да враќам на делови на скршен часовник кои и сами не знаат чии претставници се во нивната партија, кои повеќе личат на група на луѓе без кредибилитет, чиј читач на прес е избран исто како и самиот премиер а за јавноста постојано изнесува невистини и небулози и кој воопшто и не треба сериозно да се сфаќа и да му се враќа.Значи не вреди за било каков пишан или кажан збор (правам преседан) и затоа морам да ги исправам вашите лаги кои беа изнесени на вашата тн. прес конференција.

Иако вашата ,,слобода на израз” ја црпите од сите злоупотреби кои се направени на ниво на централната власт, не грижете се, времето лечи се и со време ќе ви биде покажано местото.

Сите ваши пресуди се донесени под силно влијание на истото она судство во пранги и заробено, со 8% доверба и судство кое не расцвета на 111-то место во свет по ниво на корупција.

Упорно се обидувате да ја искривоколчите перцепцијата на граѓаните преку вашите лаги, клевети и саботажи на локалната власт се со цел да ги прикажете градоначалниците од другата страна како неспособни, но и самите сте заслепени, и не сте разбрале дека само со соработка а првенствено со работа се оди напред, а не со кочници и со обструкции.

Со сите овие ваши смешни пресови нема да го промените фактот дека сме најсиромашни во Европа.

Каква порака се испраќа кон светот со недораснатата реакција на премиерот?

Сите му се смеат, ама за инат, се смее и тој на “Идна Западна Бугарија”,каква мизерија од надворешна политика?!

Поради вас и вашите политики се празнат секојдневно и селата и градовите и секој сака џенем да фати, долговите се мерат во милијарди а ги земат како да се ситниш…

Почитувани,

Вие сте срам за Македонија и секој ваш подржувач е одговорен пред лицето на граѓаните.И да, далеку сте од социјал-демократија!За вас кои мислите дека сте јаки фаци, подобро е и попаметно да молчите оти од секој збор ваш губите по еден ваш гласач.

Или па вака, ако сте толку фаци, ајде на избори!

Пишува: Goce Markov

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace