БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Штип и околината е новото жариште на Корона вирусот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со се позагрижувачките бројки на зголемување на заразените граѓани со Ковит-19 во Штип своја прес конференција денеска за јавноста имаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Штип.

Христина Серафимовска ги критикуваше властите дека и покрај реакциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тие останаа глуви што резултира со ваквата животно-загрозувачка состојба за штипјани.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Христина Серафимовска на оваа тема:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Бројот на заболени во текстилниот сектор постојано расте!
ВМРО ДПМНЕ редовно апелираше на оваа тема.

За жал власта остана глува и го остави текстилниот сектор на милост и немилост без визија како да му помогне.
До денес не видовме владини мерки кои ќе го заштитат овој сектор од епидемијата.

Не видовме интервенција за безбеден превоз на работниците, не видовме поделба на работата од дома и од работно место, не видовме поделба во смени во помали групи, па макар тоа биле и ноќни смени, не видовме никакви строго обврзувачки протоколи …не видовме јасна визија на Владата за оваа индустрија што живот значи посебно за источна Македонија.

Со својот однос „за едни мајка, за други маќеа’ Владата го жртвуваше здравјето на работниците, ги загрози бизнисите на сопствениците и не стави во опасност сите нас.

Почитувани,
Епидемија не се победува со дневни извештаи за број на заразени. Епидемија се победува со јасна визија, неконтрадикторни мерки и протоколи за заштита.
Но оваа Влада немаше ниту слух за предлозите од опозицијата, ниту знаење како тоа сама да го направи.”

-реагираше Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата.

Во врска со оваа тема своја реакција во јавноста упати и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Виктор Паунов:

“Дали Штип и околината е новото жариште на Корона вирусот?
Денес нови 4 позитивни од конфекциските работнички.
Во општина Карбинци веќе има позитивни, кризниот штаб без никаква најава за превземање на мерки.

Што направи власта?

Издадоа дозволи за работа во време на полициски час за илјадници конфекциски работници.
За сите сектори и граѓани важеа препораките и опасноста од Корона зараза, освен за конфекциските работници.
Повикувавме на конструктивност како опозиција со наши предлози, но бевме игнорирани, целата ситуација е ваша одговорност!”

Креирано од:


Пренеси го гласот