На пат е можеби највозбудливото актерско машко дуо моментално на планетава да заигра на филмското платно.
Леонардо Ди Каприо и Бред Пит се можеби анјдобрите машки актери на денешницата кои заедно ќе го споделат големиот екран со светската публика во блокбастерот “Си беше еднаш во Холивуд” (Once upon a time in Hollywood).
На овие двајца миленици на светската кино публика им се придружува ѕвездена екипа составена од Марго Роби, Томоти Далтон, Дакота Фенинг, Курт Расел, Ал Пачино, неодамна починатиот Лук Пери и голем, навистина голем број други актерски имиња.
За восхитот и големите очекувања кон ова ново филмско остварување да бидат целосни, ќе споменеме дека ова е деветиот филм на режисерот и сценарист Квентин Тарантино.
Филмот е предвидено да трае 2 часа и 39 минути. Моменталниот негов рејтинг на IMDB листата е означен со 9.8 а неговата светска премиера е закажана за 26 јули оваа година.
Доста е кажано.
Очекувајте и ќе начекате….
Официјалниот трејлер за филмот е овој:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!