БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Вице Заев знае каде се наоѓа Луј Витон торбата полна со пари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

“Помина речиси цела недела, а Зоран Заев и Вице Заев молчат и не кажуваат што разговарале со обвинетата Катица Јанева и со веќе осудениот Милески-Кичевскиот.

Цела недела, Заеви бегаат од најголемата тема во државата- инволвираноста во случајот РЕКЕТ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Зоран Заев јавно ја потврди автентичноста на снимката во која признава дека го помагал со финансирање на Боки 13 и на телевизијата која што сам ја оцени како провладина.

Вчера Бојан Маричиќ, неговиот советник, јавно призна дека Заев го известил Боки 13 за тоа дека во Владата го пријавиле дека рекетира. Дури потоа за тоа дознава Вилма Русковска. Сега го охрабруваме Вице Заев да признае дека се гледал со Зоран Милески Кичеец.

Прашуваме уште еднаш, што разговарале Зоран Заев и Катица Јанева?

Што разговарале Вице Заев и Зоран Милески Кичеец во присуство на адвокат на фамилијата Заеви?

Што е договарано меѓу Вице Заев и Зоран Милески Кичеец?

Дали Вице Заев знае каде се наоѓа Луј Витон торбата полна со пари, онаа торба со која што Милески ја изнесува од домот на бизнисмен заедно со  Боки 13?

Очигледно е дека Вице Заев има многу што да каже во Судница и на јавноста.

Видливи се пипците на семејството во овој најголем криминален скандал во државава.

Повторно ги охрабруваме обвинителството и Судот, ги повикуваме Русковска и Јовевски да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит.

Почитувани Заев е виновен за сите измами, порази и криминали, Правдата ќе дојде по 12 април и сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace