Исселувањето на жителите на Крива Паланка како и низ цела Источна Македонија е масовна појава како резултат на севкупните состојби во државата. Власта на Зоран Заев не направи ништо во насока за подобрување на животните услови во изминатите три години откако стапи на власт во државата а резултат од ваквиот неуспешен мандат е денешната слика на испразнети населени места ширум државата.
Денеска во работна посета на Крива Паланка беше Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој во изјава за јавноста зборуваше за ваквите состојби, но и за решенијата кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понуди на стопанствениците и сите граѓани за да се подобрат условите како во Крива Паланка така и во целата држава:
Во продолжение во целост ја пренесуваме изјавата за јавноста на Игор Јанушев од Крива Паланка:
“Продолжуваме со посетите низ Република Македонија. Денес сме во Крива Паланка, остваривме средба со неколку стопанственици, ги посетивме нивните фабрики односно производствени капацитети. Имаме средби со неколку целни групи и секако денот ќе заврши со внатре партиски состаноци.
Она што е видливо и она што го гледаме веќе неколку месеци низ целата држава е видливо овде во Крива Паланка. Луѓето се иселуваат со надеж за подобар живот, луѓето кои што ги среќаваме на улица се жалат за буквално лошото секојдневието кое што го имаат и не квалитетот на живот.
Во фирмите со коишто ги посетивме и со луѓето со коишто разговаравме очекуваат од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кое што ќе следува после изборите на 12-ти април значителна помош и значителен придонес за стопанството.
Знаете веќе дека излеговме со повеќе конкретни мерки во однос на стопанството и економијата, преку враќање на рамниот данок и негово намалување, намалување на невработеноста на помалку од 10% во четири годишниот мандат но и она што секако е од особена важност за Крива Паланка и за целиот овој регион е најавата за изградба на новиот експресен пат Куманово-Паланка.
Продолжуваме во следниот период со промоција на следните мерки од нашата програма кои што секако ќе бидат насочени кон граѓаните и ќе значат конечно ставање на крај на разнебитувањето на нашата држава од страна на оваа криминално рекетарска влада предводена од Заев.
12-ти е блиску 12-ти доаѓа за 50-тина дена и конечно почнува обновата на Република Македонија.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани