Денеска градоначалничкиот кабинет на Градоначалникот на општина Делчево беше исполнет со детски џагор, љубопитни погледи, многу прашања и одговори.
Уиченици од Основното оптинско училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево заедно со нивните наставнички беа во посета на градоначалникот Иван Гоцевски, каде што се запознаа со работењето на општинската самоуправа и работата на градоначалникот.
Дечињата упатија повеќе прашања кон градоначалмникот Гоцевски, но и градоначалникот ги праша дечињата што може да направат возрасните за дечињата да имаат подобар живот, подобри услови за безгрижно детство како и подобри услови во нивното училиште.
Градоначалникот Гоцевски прими повеќе идеи за претстојното новогодишно украсување на Делчево кое што го прави општината во соработка со ЈКП “Брегалница” Делчево кои што вети дека ќе бидат земени во предвид во украсувањетп на градот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа