Додека граѓаните на Делчево секојдневно мака мачат со приватни такси возила да стигнат до Скопје за различни потреби пред се здравствени и образовни, пратеничката на СДСМ од Делчево Соња Михајловска агитира за “европска Македонија” во контекст на процесот за уставни измени за кој што како владечака гарнитура немаат поддршка за нивно донесување во парламентот.
Додека како власт имаа можност во изминатите 6 години да покажат на дело дека се борат за европски вредности преку обезбедување на подобар живот за граѓаните,
СДСМ на локално ниво во Делчево изврши најбрутална прекумерна партизација на администрацијата, со што ги доведоа јавните финансии на ниво на корупциски модел за обезбедување на глас пред избори за СДСМ додека целокупното стопанство, јавни дејности и инфраструктура незапирливо тоне во провалија.
За ваквата состојба своја реакција во јавноста упатија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево чиј што текст во продолжение го пренесуваме во целост:
“
Пратеникот и висок партиски функционер на СДСМ Делчево Соња Михаилова, откако по теркот на нејзината матична партија во Собранието на Република Македонија поддржа еден куп на предлози спротивни на македонските национални интереси, одлучи со спонзорирани објави да врши притисок во јавноста пропагирајки измислени “европски вредности”![]()
Додека лицемерно таа и нејзините сопартијци од СДСМ Делчево зборуваат за европски вредности и за демократија, вистината е дека целокупното делување во општината се сведува на тоталитаристичко владеење и непотизам со поставување на блиски, партиски послушници![]()
Вакви примери речиси и да станаа наше секојдневие, каде што удоволувајки на поединци од СДСМ Делчево, соответните и компетенти кадри од општината веќе работат во други држави![]()
Додека секојдневно, лицемерно се прикажуваат како најголеми демократи со високи европски вредности, во суштина кадрите на СДСМ Делчево секојдневно ги уништува македонските институции со поставување на несоодветни и партиски кадри на раководни позиции![]()
Уништувањето на образовните, здравствените, културните институции, инфраструктурата, значи и демотивирање и потиснување на младите квалитетни работници.
Системско уништување на секоја институција и пропаст на Македонија за полесно распродавање![]()
Соња Михаиловска додека се обидува да ја замајува јавноста со “европски објави”, би и препорачале да ги соблече “розевите очила” и да ја согледа суровата реалност во која СДСМ го доведе опшеството и Република Македонија![]()
Се дотогаш Соња Михаиловска ќе биде запаметена само како Пратеник од Делчево кој што неуспеал НИТУ ДА ПРЕДЛОЖИ ПРОЕКТ или ЗАКОН, А КАМОЛИ ДА ИЗДЕЈСТВУВА НИВНО ДОНЕСУВАЊЕ во интерес на Делчевчани![]()
ЕДНА РЕДОВНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА НЕУСПЕА ДА ИЗДЕЈСТВУВА,
ЕДЕН КАМЕН НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ДЕЛЧЕВО-КОЧАНИ ДА БИДЕ ПОМЕСТЕН, но затоа со спонзорирани објави за “ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ” ќе ги убедува Делчевчани дека некој друг е виновен за сето тоа![]()
…![]()
![]()
“
-стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатено преку фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево