БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Голем број на активности на ЈП Камена Река со кои секојдневно се подобрува живеачката во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Менаџментот на Јавното Претпријатие Камена Река од Македонска Каменица работи посветено на дневно ниво во дефинирање на активности и нивна реализација со цел за подобрување на стандардот за живеење на каменичани. Оваа модерна борба-модерен патриотизам кој што го наметнуваат во јавноста луѓето низ чии што раце секојдневно минуваат голем број на активности видно го подобруваат изгледот на својот град при што овозможуваат благопријатна и хумана животна и урбана средина. Решавањето на комуналните предизвици со експресна реакција и ефикасност е клучен приоритет на вработените во ЈП Камена Река што е од особено значење за нормално функционирање на граѓаните. На дневна основа екипите на јавното претпријатие делуваат во сите населби а централното градско подрачје на Македонска Каменица е едно од најрепрезентативните во регионот.

Секако за ваквата посветена и ефикасна работа има голем удел беспрекорната секојдневна комуникација на градоначалникот Димче Атанасовски со граѓаните но и менаџментот кој што го спроведува градоначалникот во однос на работата на комуналното претпријатие но и сите други локални институции.

“Тековни активности на ЈП Камена Река за одржување на јавната чистота, хортикултурно уредување и санирање дефекти:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Перење на улици низ централното градско подрачје

✅ Косење со мулцер низ нерамните и тешко пристапни терени низ општината

✅ Санирање на дефект на улица Осоговска

✅ Средување на цветни леи и рундели низ општината

✅ Поставување на секундарни водоводни шахти на новопоставената водоводна линија за корисниците од индустриската зона кај м.в Каменички Рид

✅ Поставување на уложаци за канализација на предвидените градежни парцели на индустриската зона

✅ Редовно косење на зелените површини низ општината

✅ Санирање на три оштетени и дотраени бандери на улица Каменичка и улица Јане Сандански

✅ Поставување на нови бандери и електро инсталација за јавно осветлување”

-стои во известувањето до јавноста на градоначалникот на општина Македонска КАменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот