Во соопштение упатено до јавноста ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево ги прогласи најуспешните месни комитети кои што извојуваа убедливо најголеми победи во рамки на вчерашните Втор Круг на Претседателските избори и Парламентарните избори кои се одржаа во Делчево.
“Од непокорното село Разловци, од едната страна на планината Средна и Стар и Нов Иственик од другата страна на оваа питома пијанечка планина, преку Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Габрово, Полето, Киселица, Драмче, Селник, Вратиславци, Ветрен, Киселица, Селник, Чифлик, Косово Дабје, Илиово, Турија и Бигла како и во сите населби на Гоцевото Делчево
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” како и новата претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова добија неприкосновена поддршка од граѓаните на општина Делчево.
1. Убедлив шампион на првото место по остварена разлика од 240 гласови во корист на ПРОМЕНИТЕ наспроти досегашните погубни политики на СДСМ и ДУИ како и Стево Пендаровски е Месниот Комитет “Тодор Александров” на Избирачко Место 0579 во населбата Стар Расадник во Делчево.
2. Како ВТОР со 171 глас разлика во корист на ПРОМЕНИТЕ е непобедливиот Месен Комитет во село Ѕвегор на Избирачко Место 0587 и
3. на трето место по број на остварена разлика следува МК “Даме Груев” на ИМ 0581 во населбата Милково Брдо во Делчево.
Граѓаните на Делчево кажаа дека имаат потреба од драстични ПРОМЕНИ за подобар живот.
Огромната поддршка изразена со 2508 гласови разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Парламентарните Избори како и 2481 глас разлика во корист на Проф Гордана Сиљановска Давкова во Делчево е ОГРОМНА ЧЕСТ НО УШТЕ ПОГОЛЕМА ОБВРСКА вака изразената доверба да се оправда во периодот кој следува.
Денес е ден за радост и сумирање на импресии.
ОД УТРЕ НЕ ОЧЕКУВА МАКОТРПНА И ПОСВЕТЕНА РАБОТА.
Време е Делчево повторно да биде општина на ГОРДИ граѓани.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
Доцна во ноќта на вчерашниот изборен ден со своја изјава во јавноста излезе Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски кој што се заблагодари на граѓаните на цела општина Делчево за успешниот изборен ден на Претседателските и Парламентарните избори.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол