Министерот за Внатрешни Работи Панче Тошковски денеска положи свежо цвеќе и се поклони пред паметникот на осуммината полициски службеници кои загинаа на 9 мај во 2015 година во престрелка со терористичка банда во населбата “Диво Насеље” во Куманово.
“Денеска одбележуваме 9 години од терористичката акција во кумановско “Диво Насеље“ во која животот го загубија полициските службеници Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.
По тој повод, утрово положив цвеќе на гробиштата во Зубовце и Брвеница каде почиваат Ненад Серафимоски и Жарко Кузмановски.
Хероите живеат вечно!
Нека им е вечна слава!”
-напиша на социјалните мрежи Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена