Само денеска на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ја информираше јавноста за изградба на 3 нови улици и краци на улици во централното градско подрачје во градот Делчево.
Станува збор за изградба на сообраќајниците кои што се надоврзуваат на веќе реконструираната улица “Индустриска”, на Улицата Светозар Марковиќ како и улицата бр. 3 кон пешачкиот мист на река Брегалница.
Според информациите добиени од ЕЛС Делчево денеска се изврши
- асфалтирање на дел од улица 4 – крак од улица 4 во должина од 170 метри;
- асфалтирање е Пристапна улица 1, на потегот од Индустриска улица до социјалната зграда, во должина од 120 метри;
- изградба на улицата број 5, на потегот од кај стовариштето на „Динго-ТИР“ до новиот пешачки мост, во должина од 180 метри.
Изградбата на новите улици беше проследена со целосна изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација долж овие улици што дава дополнителна додадена вредност на самите проекти.
Финансиските сретства за изградба на овие нови сообраќајници и целосна подземна инфраструктура се обезбедени од Буџетот на Македонската влада преку програмата на Министерството за транспорт.
Градоначалникот во своите денешни повеќе објави упати лична благодарност за Македонскиот Премиер проф. д-р Христијан Мицкоски за одвоената огромна енергија и сретства како никогаш досега во историјата на Делчево за толку инвестиции во неполни 10-тина месеци од конституирањето на новата локална власт во Делчево.
Секакко за реализацијата на овие проекти забележителен успех имаа и вработените ви Министерството за транспорт на чело со Министерот Александар Николоски кој безрезервно се заложи за реализацијата на овие досегашни реализирани проекти во патната инфраструктура за делчевчани.
Со изградбата на овие улици во централното градско подрачје на Делчево од сите предвидени улици според ДУП за овој дел од градот преостанува да се изгради уште една улица која треба да помине позади Летната сцена на градскиот плоштад со што изградбата на јавна улична инфраструктура во центарот на Делчево целосно ќе биде комплетирана.
Паралелно со изградбата на овие улици за кои што денес градоначалникот Гоцевски информираше, повеќе приватни стопанственици моментално градат поголеми станбено-деловни единици со што центарот на Делчево бележи невидена градежна експанзија како никогаш до сега.
А од општината дополнително најавуваат нов бран на инвестиции за стопанисување со неколку други поголеми градежни парцели за наредниот период со што Длечево ќе направи силе исчекор во својот развој а со тоа и значително ќе се подобри деловната клима во општината и ќе се подигне животниот стандард на делчевчани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Кочани физички нападнал малолетни роднини во нивниот дом
GTA на винички начин: 65 годишник од Виница правел лом во сообраќајот
46 годишен жител на Пробиштип под дејство на алкохол физички го нападнал својот 43 годишен брат кој бил со нарешено телесно здравје