БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делчево во повисоките делови страда за вода за пиење. Директорот на Јавното комунално претпријатие молчи за неодговорното работење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево преку социјалните мрежи упати своја реакција во јавност откако граѓаните на Делчево реагираа за недостигот од вода во нивните домови.

Славините на делчевчани остануваат празни по неколку часови во текот на денот на актуелните тропски горештини што не било случај одамна во Делчево да снемува вода во текот на летните месеци подолги периоди.

Граѓани преку социјалните мрежи упатија повеќе свои реакции на револт и незадоволство заради недостигот од вода во Делчево, што им го попречува нивната основна егзистенција но тоа не го спречува директорот на претпријатието да отвара нови непродуктивни работни места и касата на претпријатието да ја задолжува со дополнителни 7 милиони денари обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Оваа трагична ситуација не го спречува директорот Стојче Стојковски

-да вработува нови вработени https://bit.ly/3rH9uTa

-да го задолжува јавното претпријатие за нови 7 милиони денари пред избори https://bit.ly/3zXKqdN

-да го крши законот со неисплата на надоместоци на сите вработени по основ на колективен договор https://bit.ly/3j8VygO

и неговиот шеф Горан Трајковски мудро да молчи додека пропаѓа комуналното претпријатие од кое што де факто директно зависи животот на делчевчани!

Сведоци сме на расипничко работење на локалните власти предводени од Градоначалникот Горан Трајковски како и и брутална партизација со неспособни партиски кадри кои што без разлика на своите квалификации се седнуваат на столче во канцеларија да земаат плата, додека сите институции без исклучок тонат во својата нерентабилност и нефункционалност.Ова тонење кон дното мора да престане што е можно побрзо додека не биде доцна.

На локалните избори во октомври граѓаните на Делчево имаат можност да изберат меѓу оваа слика на видеово или опција која ќе ги реши сите дефектни аномалии на актуелната власт за Делчево да стане достоинствено место за квалитетен живот.”

-напишаа на фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace