БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демократските сили на Ромите со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори против штетните политики на актуелната власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На претседателството на партијата Демократски сили на ромите денеска беше донесена одлука за поддршка на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ проетив штетните политики на Зоран Заев и актуелната власт.

На состанокот присуствуваше по покана на претседателот на ДСР Ѓабан Салиу и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на работниот состанок на партијата Демократски сили на Ромите по повод претстојните локални избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

..”Донесена е одлука практично за коалицирање на партијата ДСР со ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори во делот на безусловна поддршка на кандидатите за градоначалници кои што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи.

Нормално учество на партијата Демократски сили на Ромите предводена од мојот драг пријател Шабан Салиу на советничките листи кои што исто така ќе бидат дел од следните локални избори. А, се радувам што одлуката е таква да партијата на господинот Шабан Салиу биде дел од коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ , дел од победничката коалиција за тоа што денеска е важно да сите оние прогресивни политички сили кои што се дел од македонската политичка сцена без разлика дали се тоа од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија. Да го промениме овој хибриден режим и навистина да владее правото, навистина да се бориме бескомпромисно со криминалот и корупцијата, за силна економија, за сериозни реформи во здравството, во образованието, да одиме напред бидејќи сите одат напред, само за жал Македонија предводена од овој хибриден режим на СДСМ и Зоран Заев стагнира и уназадува,

-соопшти Христијан Мицкоски по завршување на состанокот на претседателстовот на ДСР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace