Ракометниот клуб HC Monteprandone од италјанската ракометна серија А2 лига е новата дестинација на делчевскиот ракометен ас Гоце Ѓоргиевски. Тој неодамна изврши трансфер во овој клуб каде што веќе ги одигра и првите натпревари и досега 6 пати се запиша на листата на стрелци.
HC Monteprandone е на претпоследно место во италјанската серија А2 а со новото засилување се очекува брз продор на табелата.

Гоце Ѓоргиевски во својот нов клуб настапува со бро 44 на својот дрес. Гоце Ѓоргиевски е роден во Делчево а своите ракометни почетоци ги имаше во РК “Делчево” каде се уште е голгетер со најмногу голови постигнати на официјални натпревари.
Гоце Ѓоргиевски е особено популарен помѓу младите во Делчево и е општествено активен како претседател на општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево