БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Амбициозната временска рамка за реализација на голем број инфраструктурни проекти кои што ги има предвидено да ги реализира градоначалникот на општина Виница Миле Петков не остава многу слободно време за губење на надлежните. И покрај врнежливото време кое го зафати општината Виница, продолжуваат оперативните градежни работи за подобрување на инфраструктурата во градот но и во руралните места во Виница. Се работи на овеќе позиции секако за оној вид на градежни работи чиј што квалитет на изведба нема да трпи поради врнежите. Денеска градежни механизирани екипи започнаа со ископ на фундаментите и адаптирање на теренот за изградба на нови потпорни ѕидови во селото Липец како и на улицата Вера Јоциќ во Виница.

Овие активности се реализираат како дел од програмата за работа на градоначалникот на општина Виница Миле Петков за тековната 2023 година за која се предвидени голем број инфраструктурни проекти зза реализација.

“Започнаа градежните активности за изградба на 2 потпорни ѕидови во с.Липец улицата над училиштето и на ул. “Вера Јоциќ” во Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За изградбата на овие потпорни ѕидови обезбедени се средства од Буџетот на Општина Виница во износ од 900.000 денари.”

-информираше градоначалникот Миле Петков во јавност во врска со овие проекти.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace