Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавност објави видео анимација за тоа како ќе изгледа дел од коритото на река Отиња во централното градско подрачје во Штип, откако ќе се реализираат предвидените ативности во периодот што следува.
Од она што може да се види на 3Д визуелизацијата станува збор за целосно нов хуманизиран лик на целиот овој опфат кој што за граѓаните на Штип ќе значи значително подобри услови за живот во периодот потоа. Од една запуштена јавна површина, штипјани ќе добијат исклучително содржаен јавен простор со содржини за сите генерации. Покрај визуелниот репрезентативен изглед, озеленувањето и култивирањето на овој сега див простор ќе значи подобрување на микроклиматските карактеристики во центарот на Штип и почист и поквалитетен амбиентален воздух,.
“Започнуваме со озеленување, уредување, поврзување и целосно осветлување на кејот на река Отиња. Повеќе од 1500 садници ќе бидат засадени, а ќе поставиме и стотина канделабри и клупи.
Штипјани ќе добијат зелена и целосно осветлена пешачка зона во центарот на градот.”
-информираше грдоначалникот на Штип Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“