Од општинската организација на Црвен крст во Делчево за денеска најавуваат дека ќе се одржи акција за Промоција на хумани вредности (ПХВ)
Секоја година во рамките на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува недела на Промоција на хумани вредности, од 21 до 27 септември. Оваа година организираме ПХВ дефиле на 25 септември со почеток во 11.00 часот, во секој град низ државата. Сите заедно, моќно да пратиме порака за вклучување, соживот, толеранција и мир.
Младите ќе организираат креативни работилници на кои ќе се изработат пораки за вклучување, мир, разбирање под мотото “ Дефилирај, не се фолирај!”
-стои во соопштението на ОО на Црвен крст Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили