БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Разговори за обнова на Македонија” започнува во петок од Битола

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВМРО-ДПМНЕ во период од 27.09.2019 година до 12.12.2019 година ќе ја спроведе акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ со која тимови предводени од највисокото раководство на партијата ќе ги посетат сите поголеми населени места во Република Македонија.

Како што информираат од партијата акцијата почнува со посета на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Христијан Мицкоски и членот на ИК Ане Лашкоска на Битола, на ден 27.09.2019 година.

Посетите продолжуваат на 28.09.2019 година, кога тим предводен од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и Трајко Славевски ќе го посетат Петровец, додека тим предводен од Коце Трајановски ќе биде во посета на Чаир.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Акцијата има цел граѓаните да можат одблиску да ги кажат своите проблеми и потреби, кои подоцна ќе бидат преточени во програмски решенија на партијата. Република Македонија се наоѓа во тешка ситуација, заглавена во тежок криминал, корупција и рекет.Владеењето на правото е на последно место, а економијата тоне. Состојбата на апатија и безнадежност мора да заврши.За таа цел се потребни итни предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ.По падот на власта на Зоран Заев следува обнова на Македонија, во секоја пора на општеството,

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace