БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отстранети т.н. диви препродавачи на Зелен Пазар а со нив и бабите и дедовците кои го крепат домашниот буџет. Отстранувањето не важи и за Бит пазар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во Скопје во соопштение до јавноста обелодени дека се справил со т.н. диви препродавачи околу Зелено пазарче во центарот на градот.

Комуналната инспекција на Општина Центар денес интервенираше во просторот околу Зелено Пазарче.
Дивите препродавачи на производи се дислоцирани, а пешачките улички и патеки во околината се повторно слободни и проодни.
Уште еднаш упатувам апел до сите препродавачи да се придржуваат до одредбите за користење на јавната површина, во спротивно, производите ќе им бидат одземени и согласно законите, ќе им биде изречена парична глоба.

-стои во неговата објава на фејсбук.

Случајно или намерно Градоначалникот Богдановиќ покрај т.н. диви препродавачи со кои се фали дека ги дислоцирал не смогнал сили да ги спомене и бабичките и дедовците кои се присутни на Зелен пазар а кои продаваат зелени производи наберени од природата или од нивните скромни домашни бавчи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овие баби и дедовци НЕ СЕ ДИВИ ПРЕПРОДАВАЧИ!

Тие се сечиии баби и дедовци кои постоеле од памтивек и кои продаваат храна која ја произвеле нивните трудољубиви раце!

Исто така вакви т.н. диви продавачи на пазари (според речникот на политичарите и бескурпулозните власти) постојат секаде низ Македонија. Дали ваквото селективно и кампањско нивно отстранување е смислено од страна на Општина Центар?

Што станува со вистинските ПРЕПРОДАВАЧИ (на пластика, чорапи, боксерици, итн) на Бит пазар и останатите диви тезги ширум државата??

Зарем не би било најсоодветно најпрво систематски да се изанализира овој т.н. проблем со класификација на структурата на ваквата појава? Трудољубивите раце на нашите беби и дедовци и нивното присуство на пазарите всушност и не е проблем туку дел од добрите традиции на Македонскиот дух. Со правилна артикулација на локалните политики ваквите појави мора да се разграничат, па да се понуди еден вид на институционално решение и рамки на оваа појава.

Продавањето на сноп коприви, чаеви, 5-6 кг домати, пиперки краставици итн, не е никаков проблем. Тоа е општествен па и социолошки феномен. Имајте предвид дека овие возрасни Македонци кои доаѓаат и се присутни на пазарите имаат потреба од општествена социјализација, од нив помладите можат да научат нешто, да слушнат нешто што дотогаш не го слушнале…

Овие возрасни “диви тезгаџии” се душата на народната традиција која освен во семејствата може да се пренесува и на овој начин.

Наместо институциите да ја стимулираат нивната појава, тие ги прогонуваат.

Срамота г-да…

Не правите никому услуга а најмалку на граѓаните, и поради еден друг факт: ваквите ситни продавачи се катализатори за регулација на монополските позиции на препродавачите на тезгите на производите на зелените пазари со што ги штитат граѓаните од нереално-високите цени на земјоделските производи..

Креирано од:


Пренеси го гласот