Традиционалната манифестација со која се чествува традицијата на луѓето под Осоговските планини во Македонска Каменица денеска привлече голем број посетители на туристичкиот локалитет Еленец.
Во духот на традицијата домаќинки од различни генерации, ги покажаа своите вештини во “занаетот” на месење на баница по старински.
Настанот е проследен со богата културно-уметничка програма, со многу видувања и дружење, посетители од околните села и градови така што со право “Бабина баница” го носи приматот на еден од најзначајните настани не само во Македонска Каменица туку и пошироко во регионот.

На настанот присуствува и градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова која што самата е љубител на традицијата и старите занаети и со многу љубов зеде и самата да замеси тесто за баница.
“Денес на Еленец мириса на домашна баница, се слуша македонската песна и се вие нашето оро.
Со голема радост сум дел од „Бабина баница 2026“ во село Цера, каде што денес се собраа многу наши сограѓани, гости, пријатели и љубители на традицијата.
Најубаво е кога ќе ги видиме повозрасните како со љубов го покажуваат она што го научиле од своите мајки и баби, а помладите се тука да гледаат, да учат и еден ден да го продолжат истото.
Токму тоа е вредноста на ваквите средби – да бидеме заедно, да се дружиме и да не дозволиме да се заборават нашите песни, ора, вкусови и обичаи.
Благодарност до Здружението на пензионери Македонска Каменица за организацијата, како и до сите кои придонесоа денешниот Еленец да биде исполнет со песна, насмевки и позитивна енергија.
„Бабина баница“ продолжува, а дружењето е во полн ек.
Добредојдени сте на Еленец!”
-напиша на социјалните мрежи Соња Стаменкова- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа