БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Детски загатки кои можат да ги збунат дури и возрасните

Child thinking with a thought bubble on the blackboard concept for confusion, inspiration and solution

Пренеси го гласот

Загатките се секогаш одлична занимација за вас и вашите деца. Особено ако сакате да ги поттикнете на креативно размислување.

Мозокот, како и телото, треба да се вежба со цел што подобро развивање и усовршување, а логичките загатки се забавен начин за тренирање на нашиот мозок.

Многу често ваквите загатки поуспешно ги решаваат децата токму заради тоа што тие не размислуваат ограничено и немаат искуства какви што имаат возрасните.

Обидете се да ги решите сите…

1. Лета по раѓање, лежи во текот на целиот свој живот и исчезнува кога ќе умре. За што станува збор? – Снегулка

2. Каков вид камења никогаш не можат да се најдат во море? – Суви камења

3. Една просторија има 4 ќошеви. Крај секој ќош има по 1 мачка. Секоја мачка гледа во 3 мачки. Колку мачки има во просторијата? – 4

4. Секогаш е пред нас, но никогаш не можеме да го видиме. За што станува збор? – Нашата иднина

bregalnickimarketing

5. Што е многу лесно за подигнување, но многу тешко за фрлање? –  Пердув

6. Кои две нешта никогаш не можете да ги имате за појадок? – Ручек и вечера

7. Што може да скокне повисоко од зграда? – Се, бидејќи зградите не скокаат

8. Што е тоа што е ваше, но сите го користат? – Вашето име

Креирано од:


Пренеси го гласот