БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДИК ги потврди резултатите од првиот изборен круг

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 29 октомври ќе гласат 833. 716  гласачи кои ќе избираат градоначалници во 30 општини низ републиката и пет скопски општини. Резултатите од првиот изборен круг, откако Државната изборна комисија ги доби одлуките од Управниот суд, синоќа станаа конечни. ДИК ги потврди резултатите на изборите од 15 октомври на само пет денас пред одржувањето на вториот круг.

“Во првиот круг избрани се советите на сите општини, и 46 градоначалници, во вториот изборен круг ќе се гласа во 35 општини меѓу двајца кандидати кои добиле најголем број на гласови. На изводите на избирачките списоци за 29 октомври има запишано 833 илјади избирачи “

Ден претходно ќе гласаат 939 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или пак се во притвор, како и 8 лица кои се водат како внатрешно раселени.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ДИК вчера донесе и упатство за гласање на оние лица на кои меѓу двата изборни круга им истекла важноста на нивните лични документи. Според највисокото изборно тело, овие лица нема да можат да гласаат, иако се наоѓааат на Избрачкиот список доколку не извадат нови документи. Образложението е дека во Изборниот законик изречно е наведено дека избирачот гласа со важечки лична карата или пасош. Од ДИК сметаат дека ова не би било проблем имајќи пред вид дека МВР издава документи дури и на денот на изборите.

Градоначалниците и советниците кои веќе се избрани денеска од општинските изборни комисии ги добија потврдите за нивниот избор. Голем дел од градоначалниците кои се избрани во првиот круг во текот на денешниот ден веќе и седнаа во своите кабинети, а неделава се очекуваат и конститутивните седници на советите во  општините.

Конечните резултатите пак за останатите 35 општини, според роковникот на ДИК, треба да се очекуваат околу шести ноември.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace