Димитар Апасиев обвини за злоупотреба на документи произведени во канцеларии од некој кој, поради личен хир, сака да се осветува, злоупотребувајќи ја својата јавна функција за ниски реваншистички цели. Тој укажа дека штом го добие истито документ јавно ќе го објави.
“ Клопчето во „Случајот Апасиев“ полека почнува да се одмотува.
Според мои инсајдерски информации добиени од свиркач во Влада на Република Македонија, после објавата на документот од кој се гледа инволвираност на владиниот Генерален секретаријат во целата тајна инспекциска постапка, која со месеци противзаконски се водела против мене, наводно била спроведена интерна „истрага“ за тоа што точно се дешавало….
Притоа се утврдило дека т.н. АНОНИМНА ПРЕТСТАВКА од „загрижена група студенти“ (!?) воопшто и не постои во владината архива!!! Значи, истата била непотпишана, недатирана и никогаш не била примена во Влада – ниту преку пошта, ниту со приемен штембил, а содржела информации кои може да ги знае само некој кој е вработен на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Ова само го потврдува фактот дека не станува збор за никаква надворешна иницијатива за вршење инспекциски надзор, туку за „внатрешен“ документ произведен во тамошните канцеларии од некој кој, поради личен хир, сака да ми се осветува, злоупотребувајќи ја својата јавна функција за ниски реваншистички цели.
Кој е тој некој, оставам на вас да процените
p.s. Штом го добијам и овој документ истиот ќе биде јавно објавен!
#РезилСте
#ДваДоктората
#НовиотРежим”

– напиша Апасиев.