БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дино Мерлин за нова година ќе пее во Скопје за 100.000 евра

Пренеси го гласот

Во една прилика Петре Шилегов- градскиот татко на главниот град на Македонија изјави дека лично тој бил најзаслужен за ангажирањето на Дино Мерлин да пее за нова година на плоштадот Македонија во Скопје.

На промотивната прес конференција која се одржа во Скопје кон средината на минатиот месец Петре Шилегов не ја спомна сумата која треба да му биде исплатена на пејачот.

Меѓутоа српските медиуми ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Сумите се вртоглави и се движат од 30.000 до 100.000 евра. Според „Курир.рс“, најмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.Чола ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот во Скопје. Босанскиот пејач за 100.000 евра ќе ги забавува Скопјани.

Креирано од:


Пренеси го гласот