НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 63
СОБИРАЧИ ИЛИ СЕАЧИ НА МАГЛА
Вчера владата се пофали дека 40.000 административци собирале ѓубре, демек-ѓубраџии. Бројката ни оддалеку не е точна, бидејќи имаме 80 општини, па му доаѓа дека во просек по 500 луѓе се вкључиле во акцијата. Меѓу нив се разбира го видовме првиот министер и неколкумина второстепени. Највпечатлива беше Дескоска со “златната” метла во раце
Собирачи е сосем спротивно од сеачи,но резултатот е ист. Сите ја знаеме приказната на итроманецот Пејо и мариовците за собирањето на магла. Бугарските историчари “докажаа” дека тој бил бугарин а не македонец, иако тој Пејо и Насрадин оџа не се историски туку митски личности!
Владата најави уште вакви акции,следната веднаш во Јануари 2020. А бе Владо (не е машко име), наместо да се зафатите за елиминирање на причините,вие ги “решавате” последиците, кој на овој начин се -нерешливи. Основен лајт-мотив ви е дека ке се подигнела свеста кај граѓаните! Со таа постапка не се подига нешто што го нема (кај мнозинството граѓани). Се собираат само ситни политички поени пред избори( ако воопшто ке ги има на 12.04.2020.)
Зафатете се бе со СПРОВЕДУВАЊЕ на Законите за животната средина (2005),за управување на отпадот (2006) и за јавната чистота (2008). И по 13 год. кај нас не постои управување со отпадот, туку само механичко пренесување на дел од истиот до општинските депонии. Сеуште мислена именка е селектирање на истиот, која е појдовна точка на управувањето. Престанете со ова лакрдија. Сте слушнале ли дека во Европа, такво нешто се прави?
Совет: Превземете мерки што поскоро да ги снема пластичните кеси, истите да се заменат со хартиени. За тоа не се потребни речиси никакви пари!
Пишува: Крум Николовски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Сите на купче”
Прашуваат “Кој е следен”? -Па, Франкенштајн!
Како да зачуваме еден Македонец повеќе во државата?