По случајот за утврдена дискриминација во Основното Општинско Училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево, делчевската јавност ја тресе уште еден случај на дискриминација, сега во СОУ М.М. Брицо Делчево.
Според мислењето на Комисијата за спречување и заштита на корупцијата станува збор за “Продолжена директна дискриминација како потежок облик на дискриминација” врз вработена професорка во гимназијата во Делчево што е основа за прекршување на нејзините работнички права.
За ваквата непосакувана состојба реагираа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево чија што реакција ја пренесуваме во целост во продолжение:
“УТВРДЕНА ПРОДОЧЖЕНА ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ВРАБОТЕН ВО СОУ” МЕТОДИ МИТЕВСКИ- БРИЦО” Делчево
ОВА Е И ВТОРИОТ СЛУЧАЈ КОГА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ ПОСТОЕЊЕ НА ИСТАТА ВО ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО И КОЈА ДО СЕГА СЕ КРИЕШЕ ОД ЈАВНОСТА
ДЕЛЧЕВСКАТА ГИМНАЗИЈА ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВА ЛИДЕР ПО КРУПНИ СКАНДАЛИ НА НИВО НА ЦЕЛА ДРЖАВА
РЕВАНШИЗАМОТ НА АКТУЕЛНИТЕ ВИСОКО ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ВО ДЕЛЧЕВО;
ДЕЛУМНО РЕАЛИЗИРАНИ ПРОГРАМИ НА ОРГАНИЗИРАНИТЕ ЕКСКУРЗИИ;
ИЗДАВАЊЕТО НА УЧИЛИШНИТЕ ПРОСТОРИИ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАСТАНИ;
СОМНИТЕЛНИ ТЕНДЕРИ И НАБАВКИ…
СЕ САМО ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГИМНАЗИЈАТА КОИ ГИ КРЕИРААТ КАДРИТЕ НА СДСМ ДЕЛЧЕВО
ДАЛИ СЕТО ТОА Е И ПРИЧИНАТА ЗА ЛОШАТА СОСТОЈБА ВО КОЈА СЕ НАОЃА МОМЕНТАЛНО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ДЕЛЧЕВО
Директорот на СОУ” МЕТОДИ МИТЕВСКИ- БРИЦО” Делчево да излезе јавно да одговори за овие проблеми кои го петнат името на нашата гимназија
Следете не за разобличување на целокупната лоша состојба во делчевската гимназија…
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните“
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани