Во текот на денешниот ден работни екипи на КЈП „Водовод“ – Кочани работеа на повеќе локации во санирање на неколку приоритетни локации за расчистување и отстранување на комунален смет и отпад од јавни површини.
Од КЈП „Водовод“ – Кочани упатија апел до граѓаните за поголема граѓанска свесност за потребата за зачувување и заштита на животната средина.
“ Теренски работни активности за расчистување на мини дива депонија кај Железничка станица во Кочани на улица “Тодосија Паунов” на 27 април 2024 година
Вработените во Одделение за градежни работи вчера со сопствена механизација и работна сила извршија делумно расчистување на отпаден материјал на импровизираниот паркинг до Железничката станица во Кочани на улица “Тодосија Паунов”.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот во садови кои се наменети за депонирање на отпад!!!”
-информираа за јавноста од КЈП „Водовод“ – Кочани преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани