БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски пред граѓаните на Виница: Викањето “Учк- Учк” во сред Скопје од страна на Али Ахмети не е Европски чин

На вчерашниот митинг кој се одржа попладне пред жителите на виница Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остро го нападна претседателот на ДУИ под чија што палка оваа партија во изминатите години ги направи најголемите пакости на оваа наша заедничка држава. Криминалот и корупцијата присутни под закрилата на неколкумина во ДУИ ја втурна Македонија во провалија од која што ќе треба повеќе време да се поврати државата во некоја позитивна минимална нормала.
Пренеси го гласот

На митингот на ВМРО-ДПМНЕи Коалицијата “Твоја Македонија” кој што се одржа во Виница лидерот на опозицискиот блок Христијан Мицкоски ги разоблички катастрофално штетните политики на актуелната владеачка гарнитура предводена од ДУИ и нивниот политички слуга СДСМ.

За Мицкоски политичкото изживување над македонската држава од страна на овие политички ортаци и не е никаква политика туку класичен криминал кој што ја втурна државата и народот во целосна пропаст.

“Додека се колнат во ЕУ, ја купуваат Соравија, додека зборат за правда делат шамари во контролата на летање во Скопје. Додека народот гладува тие си слават родендени во државни институции. Додека зборат за стандарди, на онкологија ги крадат болните од рак. И треба да знаете дека ниту една лекција не ја научија. СДСМ не се огради од криминалот на ДУИ, ниту пак има намера. А од ДУИ го употребуваат истиот наратив дека биле европска партија, во исто време кога џебовите им се полни со Европски пари, “

-рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.

Претседателот упати и прашање до ДУИ, а и Ковачевски, кој продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ СДСМ праша тој.

Исто како што купувањето на Соравија што е европски чин, од страна на голобрадо момче, случајно кој е внук на Ахмети исто како што Мерко е европски градоначалник, море светски… како Артан што возеше ауди со полициски флешери на име на фирмата што зела тендер на Шапка? Е сето ова е многу европски, директно не носи во ЕУ, кажа претседателот.

bregalnickimarketing

Тој потенцира дека однесувањето на ДУИ и СДСМ ја подрива европската идеја во Македонија. Тие стануваат минери на европската идеја затоа што народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат што ликови како Артан, Мерко и Талат овде зборуваат за ЕУ. Затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција како што се Артан, Мерко и Талат.

И затоа резултатот е таков во првиот круг. Овде во Виница победивме со 4571 на 1764 гласови за СДСМ. Народот е определен, и јас искажувам длабока благодарност и почит до секој еден од вас. Но работата не е завршена. Ова беше само првиот круг, и жолтиот картон, мора да стане црвен на изборите на 8 мај. Народот да го зададе финалниот удар против корупцијата, криминалот и сиромаштијата. Повикувам на масовна излезност, затоа што излегувањето на овие избори меѓудругото е и патриотска должност и обврска кога Македонија е толку силно разградена со криминал и корупција. Да одиме напред, и да ги победиме сите сценарија кои ги разработува дуото СДСМ и ДУИ, заклучи претседателот.

Креирано од:


Пренеси го гласот