Одборот за доделување награди на Општина Кочани го објави јавниот повик за доставување предлози за доделување на двете највисоки општински награди: за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и за животно дело.
Во периодот од 1 до 25 август, на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, може да се поднесат образложени предлози за двете награди.
Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани, се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Наградата за животно дело се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.
Наградите се во форма на плакети.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип