БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доделени наградите од Меѓународниот младински конкурс за сликање на кинеската општина Вуши

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени наградите на  ученици чии творби беа избрани за најуспешни на Меѓународниот младински конкурс за сликање што го распиша кинеската општина Вуши. 

На конкурсот од 2022 година на темата „Зелен развој за зелена иднина“, од пријавените 43 ученици од Кочани, првата награда ја доби Стефанија Атанасова, ученичка од ОУ „Малина Попиванова“. 

Втори и трети награди добија уште 13 ученици, а благодарници за учество и традиционални кинески сувенири – сите учесници на конкурсот. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Учеството на младинскиот конкурс за сликање, трета година по ред, го координира Александра Димитрова од  Училиштето за сликање и цртање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. 

Оваа културна соработка меѓу Кочани и Вуши им дава континуитет на релациите меѓу општините збратимени од 2016 година. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace