Со сретства од Министерството за култура при владата на Република Македонија како и сретства од Буџетот на Општина Делчево во тек е иплементација на проект за реконструкција на Салата во спомен-домот АСНОМ во Делчево.
Во рамки на риектот се реализираат повеќе позиции за реконструкција на ѕидните површини, плафонот на салата, подот, сцената, тоалети, ппомошни простории надворешна алуминиумска столарија итн. Салата добива и подно затолување, а во тек е инсталацијата на парното греење и електричната инсталација во салата.
“Овие зафати се дел од проектот „Реконструкција и санација на малата сала, влезот и влезниот хол во спомен-домот АСНОМ, вреден 9,6 милиони денари, а финансиската поддршка е од Министерството за култура во рамките на Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областите на културата за 2023 година и дел од Општина Делчево.
Вкупната вредност на работите е 10.587.845 ден, од нив преку Програмата за користење капитални дотации до единиците на локалната самоуправа од областа на културата за 2023 г. преку Министерството за култура се обезбедени средства во висина од 9.623.369,00 денари. Општина Делчево учествува со парични средства во износ од 817.353,00 денари обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година.
Градежните работи ги изведува ПАНЕЛ-М Мехаз ДООЕЛ Тетово. Работите треба да завршат до крајот на ноември оваа година.”
-информираат од општина Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември