БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се “спукаа” ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип околу вработувањето на директор на библиотеката

Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Душко Иванов денеска на прес конференција ја алармираше јавноста за назначувањето на новиот директор на Националната Установа Библиотека “Гоце Делчев” од Штип.

“Секретарот на ОО СДСМ Штип, според партиските тела е експерт во повеќе области, директор на СОУ “Славчо Стојменски” Штип – разрешен поради незаконско работење утврдено од ДПИ, преку ВД член на управниот одбор на ХС “Злетовица” до директор на НУ Библиотека “Гоце Делчев” од Штип!

Останува да видиме…..”

-алармираше Душко Христов во јавноста преку социјалните мрежи во прилог на неговата прес конференција:

На ваквата прес конференција реагираа од СДСМ Штип со свое соопштение во јавноста чиј што текст го пренесуваме во целост во продолжение:

ℹ️ Реакција на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ:

❗Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ во неможност да ја сокријат својата двегодишна неспособност како локална власт, се обидуваат да ја дефокусираат и замајуваат јавноста.

➡️ Локалната власт чии белег е криминалот и незаконски поставените директори, во никој случај нема право да зборува за избор на кадровски решенија!

❗Кога веќе си дозволуваат тенденциозно да напаѓаат, најнапред треба да си погледнат во своите редови.

➡️ Од ДПМНЕ молчат за обвинувањата за криминалот со нафта во училиштата, за незаконските дејанија на првите луѓе на општината…❗

❗Јорданов за две години нема заковано шајка во градот, па наместо тоа се служат со провокации и бараат алиби за нивниот слаб рејтинг.

‼️Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Душко Иванов, очигледно ги следи стапките на неговиот ментор, градоначалникот Иван Јорданов, па себеси се претставува како експерт за сѐ, освен за она откаде што зема плата. Воедно Иванов е должен да одговори кога граѓаните може да го најдат на неговото работното место ?”

-стои во соопштението на СДСМ Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот