БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доделени стипендиите за учениците и студентите од Кавадарци од фондацијата “Никола Јанчев”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска ги додели стипендиите на најдобрите ученици и студенти од општината, кои ги доделува фондацијата “Никола Јанчев” гормирана во знак на сеќавање на неговиот татко.

Фондацијата “Никола Јанчев“ која е основана оваа година на 14 ти февруари од страна на Градоначалник на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денес ги додели првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студенти.
По објавениот конкурс кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на 36 стипендии.
Оваа фондација е основана со почетен буџет од 10 000 евра. Директор на фондацијата е г-ѓа Јанинка Чупаркоска управител на Кожувчанка. Дополнително секој месец буџетот на фондацијата ќе се зголемува со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања. Ветеното сега е исполнето. Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.
Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застанува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко , секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.

-стои во сооптението на градоначалникот Јанчев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace