БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Велешани изразија почит кон големиот Балкански архитект и градител Андреја Дамјанов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Архитектонската академија, во соработка со општина Велес, денес беа одбележани 205 години од раѓањето и 140 години од смртта на големиот балкански архитект и градител Андреа Дамјанов.

Делегации на Општина Велес, Асоцијацијата на архитекти,aкадемијата и локални установи положија букети цвеќе на гробот на Дамјанов, на гробиштата во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

 

Архитектот Трајко Димитров, добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело во областа на архитектурата, зеде збор и говореше за делата на Дамјанов.

„За сé што оставил зад себе прото-мајсторот Андреја Дамјанов во неговиот 65 годишeн плоден живот, во вакви пригоди е најцелеисходно да се нотира само она што е најмаркантно и незаобиколно: 10-на цркви во Македонија, 6 цркви во Србија, 3 цркви во Босна и Херцеговина”

-изјави Димитров.

Од присутните можеше да се забележи Вера Ќосевска, претседател на Архитектонската академија при ААМ, Александар Смилевски, член на акдемијата кои се меѓу добитниците на наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“. Почит на Дамјанов му оддаде и архитект Ана Радониќ, претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот