Од моментот на објавувањето на програмата на Владата на Република Македонија со која највисоките државни институции сакаат да го прослават т.н. успех на условената препорака за НАТО аспирациите на земјава, социјалните мрежи почнаа да вријат од огромното незадоволство и револт кон музичаките имиња кои ќе настапат на оваа владина финансирана прослава оваа сабота на 14-ти јуни во 15 градови низ Македонија.
Знаете за што пеете ?
Ни за НАТО ни за ЕУ, туку во владина кампања за поддршка на Референдум промена на имеБојкотирајте оти ќе ве *БОЈКОТИРАМЕ
ЌЕ ПЕАТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПЕАТ ЗА ГРЧКИТЕ ФАШИСТОЧКИ ИСТОРИЧАРИ КОИ СПОРЕД ДОГОВИРОТ НА ЗАЕВ ЌЕ НИ ЈА ПИШУВАТ НОВАТА ИСТОРИЈА ,, ЌЕ ПЕАТ ЗАТОА ШТО ЗАЕВ И БАНДАТА СЕ ОДКАЖУВАТ ИД СИТЕ МАКЕДОНЦИ НАДВОР ОД ДЕНЕШНИТЕ ГРАНИЦИ БА МАКЕДОНИЈА ,, ОВА ШТО ГО ПРАВИТЕ Е ЛУДИЛО.
Самиот чин што се согласиле да пејат во име на одродување од сопствениот идентитет и платени со грчки пари е поим за размислување и треба да ги мачи совеста.
Твојте очи Лено мори грчки андарти ги ископаа,
твојте усни Лено мори муртинци ги изедоа,
твојта снага Лено мори бриселски копуци ја силуваа
Твојто име Лено мори ТВОИТЕ ти го сменија…
Да тераш народ да слави оти му менуваш името?!
Па ова ни Тричко не може да го смисли.
Абе граЏанска прослава со Партиски Бои од #СМРДСМ.
Добредојдовте во Нацистичка Германија!
Сега Чичко Гебелс ќе ви пере мозокот.
Се само мал дел од коментарите на фејсбук.
Извесен MC Простинан Сакич направи и инстант песна за оваа пригода именувана како
– Бендови за влез у НАТО
Текст:
станувам од сабајле нешто здрвен ми врато
гледам кој ќе свире за влезови по нато
масовно на цело село, сега е пато
мики мауси ќе свират за влез у нато
ставам три ракии место мало макијато
и пуштам реге да си груван по повод влез у нато
нема веза шо сум син на блага бато
не поштувам клошари шо поштуват нато
диригират лоши тактови, а ја сум си рубато
и не сум како бендови шо свират рок за нато
јадам трици, па таков е табијато
иди слушај телетабиси за влез у нато
Извор: фејсбук


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник