БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Долгот на државата дојде до 8.3 милијарди евра! Кој сака може да честита! Промени се потребни

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Тие не чувствуваат никаква патриотска припадност и должност кон државата и континуирано ја носат во бездна и провалија на начинот на кој тие работат. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

„Ако направиме споредба со регионот, да речеме Србија едно време која беше многу напред сега е позади Македонија некаде отприлика 53,5 проценти, Косово кое се уште реално нема оформено државност е некаде до 20 проценти“, кажа Мицкоски.

Така што политиките на Владата, додаде Мицкоски, се поразени тие капитулираа.„Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта“, укажа Мицкоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ.„Владата на ДУИ и СДСМ во овие шест години за речиси 2,5 милијарди евра го зголеми долгот за да имаат повеќе пари за наместени тендери, тендери кои потоа ги договараат во 4 очи или со други зборови кажано постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци кои 6 години ја водат Владата“, заклучи Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace