БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Македонија наликува на нарко картел, кокаинот ни ги уништува младите, а со тоа иднината на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Македонија во изминативе години аферите се многу и се случуваат на дневна основа. Како никогаш досега системот е руиниран, корупцијата цвета, корупција има од најниско од највисоко, а институциите се нефункционални. Она што ме загрижува е немањето на никаква контрола од страна на безбедносните служби. Така во Македонија на македонските улици кокаинот го има како никогаш претходно и за жал ги уништува и убива младите и генерациите кои доаѓаат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на трибината во Крушево „Справување со тероризмот- Предизвик на современа Европа“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Николоски посочи дека тука се поставуваат две клучни прашања, прво е кој дозволува да влезе во државата, а второ кој дозволува да се продава и дистрибуира, а одговорот е на иста адреса, а тоа е власта.

– Ако има функционална Царинска управа и гранична полиција, секако нема да влезе во државата. Ако има функционални безбедносни служби, МВР и останати агенции кои треба да следат секако нема лесно да се дистрибуира, но реалноста е поинаква и Македонија наликува на нарко картел каде разните банди за контрола на терен се убиваат меѓу себе, а безбедносните органи немо го следат, истакна тој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Николоски потенцира дека ако порано во Македонија се увезуваше криминал сега Македонија извезува криминал и криминалните пресметки од Македонија се префрлаат во соседството, Косово, Србија, Грција.

– Да не зборувам дека бројни нарко босови од Македонија веќе се видни членови на нарко картелите по Колумбија, Еквадор. Тоа е според мене еден од најголемите проблеми, затоа што уништувањето на народот и генерациите кои доаѓаат е трајно уништување на Македонија и уништување на иднината на Македонија. Тоа оди рака под рака со корупцијата затоа што корумпирани функционери дозволуваат вакво безредие, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека корупцијата ја има секое ниво, ако во минатото беше реткост да има корумпиран службеник, полицаец, цариник, сега скоро и да нема некорумпиран.

– Корумпиран е премиерот, вицепремиерот, министрите и целиот систем се руши надолу.  Во нашето пошироко опкружување се случуваат две војни, во Украина и Израел, сериозно ја загрозуваат иднината на светот и во вакви услови клучно е каде е Македонија и како безбедносно е структуирана. А за да биде таква треба да се избори со корупцијата. Нема подобар подарок за непријателите на државата од корумпиран политичар, затоа што таквиот може да биде уценуван, а многу такви видовме, да сменат име, да потпишат дека немаме свој јазик, историја, традиција, да се негира жртвата на тие кои ја дале за македонската држава. Тоа го направија уценети корумпирани политичари, изјави Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace