БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Домаќинство за почетници” е нов филм на Горан Столевски кој се промовира на ABC мрежата

Пренеси го гласот

Најновиот долгометражен филм на македонско-австралискиот режисер и сценарист Горан Столевски е веќе во дистрибиција низ светот на различни медиуми и платформи. “Домаќинство за почетници” својата фестивалска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Венеција минатиот месец септември, каде што ја понесе главната награда на фестивалот за филм со теми и ликови со LGBTQIA+ содржина. Пред тоа Столевски на CineFestOz во 2022 година има добиено награда од 100,000 долари.

Најновиот филм на Столевски е своевидна илустрација на фотографија која што режисерот ја видел во 2016 година од филмаџијата Тони Ајрес и тогаш неговиот партнер кои живееле во куќа заедно со осум лезбејки во 1970-тите години на минатиот век.

Но поради блокадата што ја имал за реализација на ваквиот филм, Столевски направил извесни промени во сценариото кое што сега е сместено во модерно време во Македонија- земјата во која поминал 12 години од својот живот пред да се пресели заедно со неговото семејство во надворешните предградија на Мелбурн, Австралија.

Најновиот филм на Горан Столевски чија што кино премиера беше на 9 мај 2024 година се фокусира на Дита (Анамарија Маринка од 2007 година беше добитник на Златна палма за филмот “4 месеци, 3 недели и 2 дена”), која е социјален работник кој живее во главниот град Скопје, во стара, крцкава куќа, со намера да прифати раселени луѓе кои ги запознава преку работа. Така ја запознала својата партнерка Суада (Алине Сербан), Ромка, која откако дознала дека има рак во терминална фаза, ја тера Дита да вети дека ќе се грижи за нејзините две деца кога ќе умре.

Но, бидејќи истополовите бракови се нелегални и партнерствата непризнаени, Дита нема легални врски со бунтовната тинејџерка Ванеса или со неодоливо симпатичната шестгодишна Миа. За да го одржи ветувањето, Дита планира да се омажи за геј-домаќин Тони (Владимир Тинтор) и да ги претстави децата како негови, идеално да ги обели во јавноста со неговото презиме за да ја избегне дискриминацијата со која се соочи Суада.

Тони, сепак, нема многу интерес да се ожени, а камоли да стане татко. Тој е повеќе заинтересиран за спиење наоколу, вклучително и со Али (Самсон Селим), 19-годишен Ром кој се вртка наоколу за по едно ноќевање, во куќата која ја смета за многу попријатна од атмосферата во Шутка, мнозински ромски дел од Скопје.

“Не го направив овој филм за 900 луѓе во Македонија кои што ќе го гледаат, но исто така не го направив за истите тие да го одбегнат, така што сакав да бидам доследен на секојдневното искуство но и доследен во интернационални рамки. На пример Дита е Албанка, која што и самата не е етничка Македонка и самата таа е во категорија на еднички опресирано малцинство. Многу од западната публика тоа го пропуштаат да го забележат.”

-вели Столевски за офој свој филмски проект.

Претходниот филм на Горан Столевски именуван “Од време” (Of an Age) младешка љубов во 90-тите години во предградие во Мелбурн доживеа особено добри филмски критики од стручната јавност, додека неговиот прв долгометражен филм под името “Нема да бидеш сама” {You won’t be alone] кој зборува за митски теми и суеверија во некогашна Македонија, исто така доживеа особено позитивни критики помеѓу светската филмска публика.

Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот “Домаќинство за почетници” кој што со сигурност нема да ги остави рамнодушни сите оние кои ќе го погледнат.

Креирано од:


Пренеси го гласот