Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Дождот добредојден во делчевско но не и за поплавениот булевар со кој се фалеше градоначалникот пред избори

Пренеси го гласот

Цела ноќ во Пијанечко-Малешевскиот регион наврна поголема количина дожд која што можеби е несвојствена за овој период од годината. Синоќешните врнежи беа исто така проследени со грмежи и електрични празнења на атмосферата за што граѓаните коментираат дека е особено чудно за средина на месeц јануари.

Но дождот синоќа предизвика и потенцијални проблеми на најзначaјната сообраќајница која што минува низ Делчево а тоа е Булеварот “Македонија” чиј што коловоз на одредени делници беше поплавен како резултат на несоодветното одведување на атмосферската вода.

За ваквата состојба која предизвикува потенцијални проблеми и опасност за возачите реагираа и од Општинскиот Комитет на ВРО-ДПМНЕ Делчево, чија што реакција ја пренесуваме во целост:

⛔️ Дури и при мали врнежи на дожд вака изгледа булевар Македонија, откако СДСМ во Делчево е локална власт‼️

🎯 За реконструираниот булевар Македонија и за неговата состојба имаме реагирано повеќе пати затоа што тоа е во интерес и на граѓаните кои транзитираат низ Делчево, но уште повеќе на граѓаните од Општина Делчево‼️

🎯 За реконструираниот булевар Македонија со кој што пред повеќеод 2 години се фалеше градоначалникот Горан Трајковски денес при секој помал дожд се претвора во бара. Неспособноста на власта предводена од кадрите на СДСМ оди дотаму што трошејки народни пари, предизвикуваат дополнителни проблеми кои можат да предизвикаат огромни последици‼️

⚠️ На ваквиот проблем со оваа заезерена вода која е опасност за возачите, се надоврзува и проблемот на дотраените ивичњаци кои за да се променат ќе треба да се раскопува асфалтот платен од пари на граѓаните.

🫵 Оваа штетна и неспособна власт треба што е можно побргу да замине во историјата. Вакви слики не смеат да бидат репер за успешност и подобро утре.

📢Во прилог една од претходните реакции на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево за истиот проблем(решение сеуште нема):

https://fb.watch/eywvsU2DIw/

-стои во писмената реакција упатена до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com