БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во јануари набрекнаа пупките на овошките. Дали ќе следи катастрофална година на овоштарите?

smart

Пренеси го гласот

Средина на месец јануари а на социјалните мрежи помеѓу земјоделците наголемо се коментираат микроклиматските услови кои ги имаат зафатено нивните посеви и овоштарници. Топлото време кое што беше присутно во изминатите повеќе денови покрај сушата овозможија неповолни микроклиматски услови за повеќе полјоделски култури како и во овоштарството.

Порај полјоделството каде недостигаа врнежи во изминатиот период, овоштарите се жалат дека на повеќе места дека овошките веќе ги имаат израснато првите пупки на вегетативен развој што во комбинација со мрзнење кое што многу веројатно дека ќе се појави во наредниот период ќе значи погром за овогодинешниот род на самите овошки.

Ваквата состојба како и недостигот на откуп и реална откупна цена за овоштарите изминатите неколку години значи сигурен аларм за нивната егзистенција и можност за пропаѓање на целата земјоделска гранка.

За оваа состојба надлежните во државата треба да поведат сметка во проектирањето на нивните годишни планови за помош на земјоделците како би спречиле уништување на оваа значајна гранка од која егзистираат голем број семејства особено во Пијанечко-Малешевскиот регион каде е присутна сината слива и вишната, покрај останатите региони застапени со други овошки во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот