БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како што веќе видовме, моралноста и владеењето на г-нот Заев и г-нот Филипче не одат во иста реченица.

Вчера кажавме дека оставката е најмалку за што треба да се грижат министерот Филипче дур се одмара на плажа, но и премиерот што не го давал столчето само за да на него не седнел г-нот Мицкоски.Прашавме за тоа дали Министерот бил предупреден за ПУР панелите, одговор не добивме. Очекувано.

Овој однос на избегнување на одговори, како што би рекла г-ѓа Шекеринска, не е во духот на транспарентноста и правото на јавноста да знае и да биде информирана. Но, тоа им е стилот на владеење.Денеска, 11 дена од трагедијата после која наместо одговорните да се со лисици на раце, тие ги испозатворија роднините кои протестираа, одиме со ново прашање кое повлекува кривична одговорност и се однесува на електричната инсталација во модуларната болница во Тетово:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали Министерот Венко Филипче или некој од неговиот тим има информација дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура или некој си дозволил приклучувањето да го направи од веќе постоечката болница надвор од процедура и без соодветен проект?

#ЗаробенаДржава

#Мафија

#ОдговорностМораДаИма

-фејсбук реакција на Драган Ковачки- Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот