Толкувајќи ја последната извршна наредба за Западниот Балкан на претседателот на САД, одредени “експерти” на власта ги сведуваат коментарите на дневна политика и ја замајуваат јавноста дека САД фаворизирале одредени политички опции во некои од државите на Балканот, вклучително и во Македонија. Ова не само што е површно, туку е и многу погрешно тврдење, а според мене е и штетно за државата и за македонските национални интереси.
Ајде да појасниме и да одиме со ред: И покрај сериозните обиди за промоција на мултилатерализмот, САД се’ уште се единствената супер сила, значи САД се глобална сила.Веројатно е дека останатите регионални сили, односно држави што го предизвикуваат статусот на супер сила на САД, во одреден период во иднината можеби и ќе успеат да го променат тој статус.
Но, тоа нема да се случи уште најмалку неколку декади. Ова го кажувам пред се’ затоа што светот е премногу меѓусебно поврзан, а државите се меѓузависни една од друга. Во тој контекст на меѓузависност, коректно е да се спомене дека европските држави, односно ЕУ, во делот на одбраната се целосно зависни од САД (!)
Имајќи го напред кажаното во предвид, ова значи дека за да останат светска супер сила, САД секаде и секогаш (вклучително и на Балканот) ќе ги бранат своите интереси. Многу е легитимно доколку ја имате улогата, односно обврската да ја браните Европа, да се обидете да ги спречите идните можни конфликти на територијата од каде во минатото се дестабилизирала или имало потенцијал да се дестабилизира Европа. Нема да се навраќам на Првата светска војна (која почна токму од оваа територија), туку само ќе потсетам на страдањата на околу 3-400.000 жртви од меѓусебните конфликти пред само 20-тина години. Такво нешто едноставно веќе не смее да се дозволи (!)
За среќа, веројатноста од вакви конфликти е мала (барем на среден рок), а ЕДИНСТВЕНИОТ пат по кој треба да се движат државите од Балканот е меѓусебна соработка и што поголема економска поврзаност со цел релаксирање на меѓусебните односи и зголемување на довербата.
Само на тој начин регионот ќе оди напред, а животот на граѓаните ќе се подобри. Така, државите ќе се ослободат од стегите на етно-центризмот, а со тоа ќе се намали и потребата за политичка доминација над соседот. Следствено на тоа, МОРА да се спречат сите обиди за негирање, понижување и слично на едните од страна на другите.
Понатаму, во контекст на стабилноста на регионот, најважен е делот за борбата со корупцијата. Тука пораката е многу јасна и тука може да се препознаат ликови од власта во Македонија. Нашата држава не памети таков степен на корупција. Политиката “евро за бато” веќе не поминува.
111-то место на скалата на корупција за Македонија, покрај тоа што е причина за лошиот живот на граѓаните, Е закана и за стабилноста на државата.
Од геополитички аспект, мора да се стабилизира овој дел на Европа. Од дневно политички аспект, деновите на оваа структура на власт и’ се одбројани.
Сите обиди за релативизирање и фрлање на топката во туѓ двор, како што реков погоре, е само обид за замајување на јавноста. Тоа го знае власта, а го знае и опозицијата.
Бројаните денови брзо минуваат. Многу брзо ќе дојде до промена на власта и Македонија мора да ја препородиме доколку сакаме да ја зачуваме и да ја направиме нормално место за живеење за сите граѓани, без разлика на партиската, националната, верската или било каква друга определба


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта