Јасно е дека изворот на сите проблеми е договорот со Бугарија којшто наместо да е договор за добрососедство е договор што дополнително ја поларизираше состојбата помеѓу двете држави, а за жал ја зголеми недовербата и нетрпението и помеѓу двата братски народи.
Не може да дозволиме преку распродажба и ретуширање на историјата на која инсистира Бугарија и која е дел од договорот што го потпиша Заев, да биде услов за напредок и развој на Македонија.
Македонија е европска држава и заслужува да биде дел од западната цивилизација, но не под услов на обезличување на кое се подготвени и кое го прават предавничко-криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ.
Доколку власта е убедена дека нивните политики се успешни и дека се’ уште ја имаат поддршката од тие 320.000 гласови што ги имаа на изборите во 2020 година, тогаш нема потреба да се плашат и треба да одиме на референдум, па народот нека се изјасни дали е за или против самоукинувањето што го подготвија ДУИ и СДСМ.
-фејсбук статус на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава