Драган Ковачки кој што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста утринава сподели своја фотографија во природа што и не е некоја новост за луѓето кои што го познаваат.
Но она кое за првпат во јавноста може да се забележи е дека Драган Ковачки на оваа фотографија е придружуван од автохтоно домашно куче Караман.
Како професионалец кој што долги години беше дел од одбрамбените сили на Република Македонија, Драган Ковачки на најсилен можен начин покажа и докажа како се брани татковината. Неговото искуство во вооружените сили на АРМ е едно од најимпресивните.
Сега како политичар Драган Ковачки одбраната на својот народ ја практикува на малку поунаков начин со политички сретства, но одбраната на идентитетот на Македонската нација подразбира и одбрана на вредности кои што се карактеристични за Македонскиот народ и ова геогравско поднебје каде што е уграничена Македонија. А сигурно едни од најавтентичните вредности на Македонскиот ентитет се автохртоните врсти на кучиња Караман и Шарпланинец кои што со векови опстојуваат на овој простор.
Вака споделената фотографија од страна на Драган Ковачки во придружба на автохтоно куче Караман упатува силна порака дека е подготвен да се бори за она што е вредно за овој народ за да опстои и да се развива рамо до рамо со останатите балкански и европски народи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција